Која е најважната лекција што сте ја научиле во 2022 година?
Веројатно биле повеќе, но ќе се согласите дека секој од нас се освести и научи колку е важно да се цени сегашниот момент. Секој миг е драгоцен и затоа треба добро да се искористи и да се фокусираме на позитивните работи.
Годината која е зад нас ќе биде запаметена како година на промени, пресвртници и потполна трансформација на животот, но сепак ни помогна да се издигнеме на духовно ниво и да бидеме благодарни на сѐ што имаме – од мирисот на цвеќињата, сонцето, прегратките, па сѐ до месечината.
Исто така, научивме дека не знаеме што ќе ни донесе утрешниот ден и дека е важно да се прилагодиме на разни животни текови. Затоа вдиши и издиши, искористи го овој момент најдобро што можеш.
А, во 2023-та доколку сакате да ја привлечете среќата и да го сочувате внатрешниот мир важно е да направите неколку работи.
* Збогувајте се од луѓето што не знаат да простат, да бидат одговорни за своите постапки. Збогувајте се од токсичните луѓе за кои љубовта е само збор и ништо повеќе.
* Збогувајте се од луѓето кои викаат дека сте премногу чувствителни кога сте анксиозни, депресивни и тажни. Отворете го срцето за луѓето што ви кажуваат колку сте силни, а не колку сте слаби.
* Збогувајте се од луѓето кои ги игнорираат вашите чувства и секоја ситница ја претвораат во натпревар.
* Збогувајте се од луѓето за кои сте свесни дека го користат вашето нежно срце и од луѓето кои доаѓата само кога им треба нешто.
* Збогувајте се од луѓето што ве тераат да работите тоа што не го сакате, ги игнорираат вашите желби и не разбираат дека секој има право да каже НЕ.
* Заборавете на завидливите луѓе што не уживаат во вашиот успех. Исфрлете ги од животот оние што ви ја црпат енергијата и кои го користат секој момент да ви ја срушат самодовербата.
* Заборавете на сите луѓе кои шират токсична енергија затоа што заслужувате да бидете исполнети со светлина.
Нека оваа новогодишна одлука ви донесе добри и позитивни луѓе вредни за вашето внимание.
Од светлата и убавата енергија направете штит за својата душа.
Среќна Нова Година!
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.