Том Паркер Боулс, 46-годишниот син на Камила Паркер Боулс и посинок на британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, првпат се појави во јавноста по семејната трагедија.
Неговата девојка Алис почина од рак пред само неколку недели, жената во која пред две години најде утеха откако му се распадна 13-годишниот брак со Сара Бајс.
Негови пријатели раскажаа колку бил скршен од болка по нејзината смрт, иако британските папараци го начекаа во прегратките на друга жена во која, како што тврдат, веќе пронашол утеха.
Том Паркер е реномиран готвач со неколку интернационални признанија за својата работа. Има одличен однос со мајка си, но и со принцот Чарлс и принцот Вилијам.
Камила го доби Том од бракот со воениот офицер Ендрју Паркер Боулс.
Фото: Гуливер
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.