Мислев дека не сакам второ дете, но како поминуваат месеците така се’ повеќе и повеќе се радувам и сметам дека нешто поубаво и не можеше да ми се случи, вели популарната водителка Милена Антовска Станковска која по вторпат ќе стане мајка.
Радосната вест таа ја сподели за порталот „ММС“.
Милена која со години е заштитно лице на телевизијата Канал 5 е скоро во петтиот месец од бременоста, а го откри и полот на бебето.
„Веќе се знае дека е женско, наша втора ќерка и Лана Марија ќе си добие сестричка. Уште едно девојче, навистина многу сум среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме и син, но не ми е жал. Нели ќерките повеќе ги чуваат родителите. Па ако е така јас и Гордан со две ќерки значи ептен ќе бидеме чувани“, раскажува Милена за „ММС“.