На Клиниката за белодробни заболувања во Босна почина здравствен работник вработен во Заводот за итна медицинска помош во Босна.
Џебраил Шишиќ Шиле, сопруг и татко на два сина, имаше само 54 години. Негов колега со неверување зборува за човекот за кој тврди дека водел исклучително здрав живот.
„Медициската фела е во шок. И неговата сопруга работи во здравство, шефица е на Ургентен центар во една приватна општа болница. Беше татко за пример, синовите го обожаваа. На Шиле спортот му беше во крвта. Десет дена се бореше со подмолната болест, но не успеа да ја добие најважната битка“, вели негов близок пријател и колега.