fbpx

Прерано! Македонија тагува, Горан ја загуби најважната животна битка

Почина Горан Станковиќ, поранешен ракометар и голем вљубеник во музиката.

Ја загуби најважната животна битка и почина на 50-годишна возраст.

„Прерано нѐ напушти уште еден ракометен заљубеник. Горан Станковиќ-Френки, човекот кој имаше магија во својот глас. Станковиќ со години беше дел од Металург, подоцна и од Јуниор Кисела Вода, со микрофонот во раце ги водеше и македонските репрезентации и ја креваше публиката на нозе. Почивај во мир“, стои во објавата на „Фејсбук“.

Станковиќ пред неколку години одлучи да си ја проба среќата во конкуренција на пејачи ветерани во популарното регионално шоу „Никогаш не е доцна“.

Тој одамна топката ја замени за микрофон, но не успеа да оствари успешна кариера. Во една прилика на шега изјави дека се занимавал со се’ и сешто и дека само уште поп не бил, но дека пеењето му е најголема љубов.

Фото: Гранд Онлајн

Следни Објави

Ме растажува што мајка ми не доживеа да ме види во улогата на татко: Македонскиот водител си ја отвори душата

Ненад Ѓорѓиевски е еден од нашите најпозитивни ТВ ликови, а каков е на телевизија, таков е и приватно. Водител на Утринската на „Телма“, на Радио 2, ангажиран околу својата продукција, актуелен со караоке забави низ Македонија, Ненад е сето тоа. Но, најмногу е горд татко на близнаците Љупка и Иво, вљубен […]