fbpx

Трагедија: На 39 години почина британската поп-ѕвезда

Почина Сара Хардинг, поранешната членка на женската поп-група „Грлс алауд“, информираат британските медиуми.

Тажната вест ја потврди и нејзината мајка на „Инстаграм“.

„Со длабока тага денес ви ја пренесувам веста дека мојата убава ќерка почина. Многумина од вас знаат дека таа силно се бореше со ракот“, стои во објавата.

Популарната пејачка лани објави дека има рок на дојка, кој во меѓувреме ѝ се проширил низ телото.

„Грлс алауд“ е еден од најуспешните женски состави на сите времиња, формиран преку ТВ-шоу за таленти. Групата дури четирипати успеа да се искачи на врвот на британската сингл-листа. Бендот дефинитивно се распадна во 2013 година, по што Хардинг беше дел од повеќе реални шоуа.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се гордееше со своето тело, но замина под нож: Ивона проговори за операцијата

Младата пејачка и влогерка Ивона Јовановиќ со последната објава на „Инстаграм“ ги изненади своите следбеници. Девојката која освен со талентот за пеење, огромна популарност на оваа платформа стекна и со мотивациските говори за прифаќањето на женското тело и воопшто на убавината која им пркоси на стереотипите, се одлучи за драстична […]