fbpx

Во 2008 година почина сестра ѝ, сега се повторно заедно: Естрадата тагува по 44-годишната пејачка

Почина пејачката Ајриш Гринстед на 44-годишна возраст.

Таа беше членка на женската ар-ен-би група „702“, а тажната вест ја соопшти нејзината сестра.

„Со голема тага морам да ве информирам дека вечерва почина мојата убава сестра и пријателка. Водеше долга битка и конечно е на мир. Таа девојка беше сјајна како ѕвезда. Ја красеше и внатрешна и надворешна убавина“, напиша Лемиша Гринстед на „Инстаграм“.

Причината за смртта не е откриена.

Лемиша и Ајриш го сочинуваа музичкото трио заедно со Камила Вилијамс. Во декември минатата година Ајриш се повлече од групата поради здравствени проблеми.

Ова е нова семејна трагедија за семејството. Во 2008 година почина сестрата близначка на Ајриш, а причината за смртта беше откажување на бубрезите.

Следни Објави

Фановите се во шок, најверојатно е самоубиство: Детали за смртта на славниот актер

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на Били Милер, ѕвездата од хит-серијата „Општа болница“, кој почина на само два дена пред својот 44. роденден. Сега се огласи неговиот портпарол откривајќи дека актерот починал во Остин, Тексас и на јавноста ѝ даде повеќе детали за трагедијата. Според неговата изјава […]