fbpx

Се гордееше со своето тело, но замина под нож: Ивона проговори за операцијата

Младата пејачка и влогерка Ивона Јовановиќ со последната објава на „Инстаграм“ ги изненади своите следбеници.

Девојката која освен со талентот за пеење, огромна популарност на оваа платформа стекна и со мотивациските говори за прифаќањето на женското тело и воопшто на убавината која им пркоси на стереотипите, се одлучи за драстична промена во својот живот.

Таа на своите речиси 26 илјади фанови им се пофали дека направила bariatric surgery-кратење на желудник во Турција и ги сподели првите импресии по оперативниот зафат.

„Од каде да почнам? Од благодарноста кон моите родители кои несебично ми пружија љубов и секој вид поддршка за овој нов чекор во мојот живот. Благодарноста е таа која овој период ме дефинираше како прав зрел човек. Во моменти на најголемата болка која сум ја искусила во мојот живот, јас велев дека можам и дека ќе успеам. И успеав. Се разбудив жива и здрава од операцијата и во овој момент сум на пат кон здрава верзија на Ивона. За самата процедура нема да зборам сега. Ќе се задржам на емотивниот момент и одлуката.
Долго време на мојот профил читате за прифаќањето на самите себе и љубовта кон себе. И стојам уште до тоа. Без прифаќање на реалната ситуација и согледување на своите ЧУВСТВА немаше никогаш да прифатам овакво нешто. Прифати за да можеш да промениш е мотото кое ми одѕвонуваше во главата секојдневно. Прифати за да можеш да промениш. И последните недела дена пред операција (моментот бикини на плажа) беа тие денови кога живеев слободно. Ја почувствував слободата на сопственото тело. Одлучив овој процес да оди јавно без цензура. Се што ќе се случува со мене ќе го проаѓаме заедно“, напиша таа на „Инстаграм“.

Дебела, грдотија.. Ивона со силна порака за сите жени

Под искрената објава има доста коментари и луѓето претежно ја поддржуваат. Сепак, одредена група е непријатно изненадена од овој нејзин потег, особено што последниов период самоуверено и без комплекси се фотографираше во костим за капење и стана идол на многу девојки и жени кои имаат проблем со килограмите.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Боже, подари ѝ царство небесно: Потресни зборови за Наталија

Девојката која на 26 август падна во кома, преку ноќ го обедини регионот на социјалните мрежи. Луѓе од различни краеви се молеа за неа, но не успеа да се извлече „Боже, подари ѝ царство небесно“, „Почивај во мир, ангелу“, „Зошто се’ повеќе млади умираат? Сочуство до семејството“.. Ова се само […]