fbpx

И Македонија тагува за Јулија: Имаше само 21 година

Во бомбардирањето на Харков почина Јулија Здановска, девојката која го освои сребрениот медал на Европската Женска Математичка Олимпијада. Имаше 21 година.

Тажната вест ја споделија и од Сојузот на математичари на Македонија (СММ).

„Јулија сакаше да го споделува своето математичко знаење со помладите генерации. Како волонтер, таа ги подготвуваше помладите натпреварувачи за Олимпијадите. Нејзина желба беше да работи со децата од помалите градови и села кои немаат пристап до квалитетно образование. СММ изразува сочувство на Украина за загубата, на најблиските на Јулија и на сите кои се засегнати со воените случувања во Украина и воедно ги осудува истите“, стои во објавата.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Дошол да ги погреба сопругата Татјана и двете деца: Кога влегол во мртовечницата се шокирал (ФОТО)

Семејна трагедија Овој човек минатата година ги загуби сопругата и двете деца. Тврди дека биле убиени додека семејството се обидувало да побегне од Киев. За „Њујорк пост“ раскажа дека телото на неговата жена Татјана Перебејнис се наоѓала во црна вреќа на подот во преполната мртовечница. Не соопшти каде се посмртните […]