fbpx

Стефан не издржа: Момчето кое нѐ обедини почина во болница

Почина Стефан Авакумовиќ, 24-годишното момче од Белград кое не’ обедини сите и за кое цел регион собираше средства на социјалните мрежи.

Тој ја изгуби битката со карцином на дебелото црево, потврди неговото семејство.

Стефан се лекуваше во Турција, но лекарите не успеаја да го спасат. Неговите блиски велат дека тешко го поднел патувањето. Примил крв и раните му се отвориле, а требало да му биде направен преглед со скенер.

Судбината на ова момче потресе многумина. За Турција беше испратен со аплауз и со песна од неговите пријатели од фолклорното друштво за кое настапувал.

„Кога го напушташе семејниот дом, и тој пееше“, со солзи раскажуваат соседите.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Децата ни пропаѓаат, образованието ни е страдание: Драгана со важна порака по штрајкот на наставниците

Поддршка до целиот просветен кадар и една голема препорака до членството на СОНК да останат истрајни до крај!И да не дозволуваат едно лице во име на сите да крене “бело знаме” и да нареди да се предадат сите! Напротив, да останат свои на своето и мнозинството да одлучи за доброто […]