fbpx

Децата ни пропаѓаат, образованието ни е страдание: Драгана со важна порака по штрајкот на наставниците

Поддршка до целиот просветен кадар и една голема препорака до членството на СОНК да останат истрајни до крај!И да не дозволуваат едно лице во име на сите да крене “бело знаме” и да нареди да се предадат сите! Напротив, да останат свои на своето и мнозинството да одлучи за доброто на сите!

Вие сте темелите на едно општество!!! НО!!! Иако ние родителите веќе трета недела се бориме околу згрижувањето на нашите деца додека сме на работа, и еве опстоивме некако. Но, згрижувањето е најмал проблем во ситуацијава, ПОГОЛЕМ проблем е изгубеното и како истото да се надохнади.

Мораме да земеме во предвид дека доаѓа крај на учебната година! Има загрижени ученици кои сакаат да дејствуваат на својот успех и соодветно да се спремаат за уписи.Мораме да земеме во предвид дека овие денови се голема загуба за нив.И една важна работа која треба да ни е јасна на сите.Учебната година завршува на 10-ти јуни по закон и така треба да биде и оваа година.

Некои родители си го испланирале својот одмор во тие термини и децата треба да се ослободени после 10-ти јуни!

Не верувам дека постои родител кој ќе се согласи децата да учат после 10-ти јуни!

Уписните рокови!

Уписните рокови и испитите треба да се продолжат! Со оглед на тоа дека учениците многу пропуштија и на децата треба да им се даде повеќе време да се спремат!

Ова што се случува не е по нивна желба и затоа треба максимално да им помогнеме, како родителите така и наставниците, заеднички да им помогнеме да го совладаат пропуштениот материјал и да се спремат за стручните испити и уписи.Апел до наставниците!

Последните три години од основно образование да се трудат да ги насочат и привлечат децата кон она што се надарени и успешни. Имаме деца кои до крај на учебна година не се одлучни каде ќе се запишат во средно училиште!

Децата учат без волја, без желба за напредок, затоа што не знаат во која струка би се пронашле.А образовниот кадар како и родителите треба да им помогнат да се насочат!

Извлечете го најдоброто од ученикот и одредете му го правецот на патот кој е создаден за него!Затоа треба последните три години повеќе да го “налевате коренот” за да цути цвеќето.

Мора сите искрено да си признаеме дека имаме изгубени генерации!

Од “кембриџ” па се до Финскиот модел на Царовска пропаѓаат децата!

НИЕ НЕМАМЕ ОБРАЗОВАНИЕ! СЕ ШТО РЕАЛНО ГЛЕДАМЕ Е СТРАДАНИЕ!

Да не зборувам и за условите во кои учат учениците во поголем број училишта во Македонија.

ЗАВРШНА МИСЛА!

Еве неколку факти со кои сите ќе се сложиме.. барем повеќето од нас..

-Факт е тоа дека ни се потребни коренити промени во образованието!

-Факт е дека доста ни е од импровизации!

-Факт е дека последниве години успехот опаѓа!

-Факт е дека он лајн наставата ни даде пасивни деца без волја за учење!

-Факт е дека политиката ни сервира реформи неприфатливи за нашите деца!

-Факт е дека родителите се исклучени од образовниот систем!

-И најголемиот факт е дека политиката треба да е настрана од образованието и децата!

-Факт е дека стручноста и високо образовните институции треба да го превземат кормилото!!!

НЕ ТРЕБА ПОЛИТИКАТА ДА НИ ГО КРЕИРА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ! СТРУЧНОСТА ТРЕБА ДА КРЕИРА ОБРАЗОВНИ ПОЛИТИКИ!

Сакаме реформи по мерка на ученикот!!!

ГОЛЕМА почит кон сите кои со неизмерна љубов и голема посветеност и професионалност работаат со деца! Велат: “Ако сакате да уништите една држава почнете да го уништувате образованието”. Епа кај нас почна уништувањето, ама МОЖЕМЕ да го спречиме ако ВИСТИНСКИ САКАМЕ!

Фејсбук-статус на Драгана Спасевска, дипломиран воспитувач, основач на групата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА!

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Глупост е дека децата губат што не одат во школо: Нов статус за штрајкот ги крена на нозе родителите

Ќе загубеле децата многу што не одат на училиште… глупост! Бандити, измамници, лажговци и полуписмени идиоти се милионери кои училиштето го поминувале заради богатиот и влијателен татко, ама нашиве деца оти не одат две недели на училиште ќе останеле неписмени. Напротив, учат многу сега. Учат дека достоинството е многу важно. […]