fbpx

Народот се обедини, но неговото срце не издржа: Почина Кико

Почина Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван.

Момчето кое ја обедини Македонија и за кое за само четири дена се собраа донации од 50.000 евра за негово лекување ја загуби најважната животна битка.

Неговата здраствена состојба нагло се влоши пред два дена кога во приватна болница му откажа дишењето и беше ставен на апарати. Иако после неколку часа се почувствува подобро, сепак неговото срце не издржа.

Не успеа да замине во странство да се лекува од ретката болест од која боледуваше- Атаксија-телеангиектазија.

Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаа дека нема да го издржи патот, пишува порталот „Либертас“.

Следни Објави

Многу ќе ми фалиш, братче мое: Лазаров скршен по смртта на Кико

Тажен ден во Македонија. Почина момчето кое не’ обедини и за кое во рекордно време собрав,е донации. Престана да чука срцето на Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван. Трогателни посвети се објавуваат на социјалните мрежи. Меѓу првите се јави и јутјуберот Стефан Лазаров кој направи многу за да се […]