fbpx

Сведоштво за десеттата жртва на Коста, една работа ги вознемири сите

Девојчето кое беше тешко повредено во пукањето во белградското училиште „Владислав Рибникар“, почина вчера на Универзитетската детска клиника во Белград.

А.А. (13) имаше тешки повреди на главата, опасни по живот. Лекарите со денови се бореа за нејзиниот живот, помина неколку операции, беа преземени сите мерки на интензивно лекување, но за жал не успеаја да ја спасат, пишува „Нова“.

Таа стана десетта жртва на Коста Кецмановиќ. Несреќната девојка била на списокот за убиства кој бил пронајден на бирото на момчето во неговата соба, а она што дополнително вознемирува е што нејзиното име било испипано на парчето хартија токму десетто по ред, открива извор од истрагата.

„Сите се надевавме дека таа ќе издржи, дека ќе се случи некое чудо. Секој ден одевме во црква и се молевме за нејзиното оздравување. Иако прогнозите не беа добри, знаеме дека лекарите вложиле натчовечки напори да ѝ го спасат животот. За жал, нејзиното невино срце не издржа. Нејзиниот живот заврши вчера, а со тоа и нашиот свет. Нема закрепнување од оваа трагедија. И по две недели не можеме да се соземеме и прашање е дали некогаш ќе успееме“, сведочи роднина на девојката.

Следни Објави

Детали за трагедијата во Демир Капија: Еве што точно се случувало

Убиство и самоубиство кое утрово се случи во Демир Капија ги вознемири македонските граѓани. „Денеска (16.5.2023), во 6.50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б. М. (34) и М. К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар […]