fbpx

Не знам зошто секогаш заминуваат добрите: Тажен е овој ден, почивај во мир!

На 55-годишна возраст почина Аљоша Мутиќ, син на легендарниот хрватски спортски коментатор Борис Мутиќ.

Колеги и пријатели со емотивни посвети се простуваат од него на социјалните мрежи. Меѓу нив и актерот, водител и музичар Роберт Марековиќ (50).

„Не’ напушти Аљоша Мутиќ, во црна кошула десно на крај, саксафонист кој беше драг и чест гостин во „Свингерси“, свиреше и на нашиот последен настап. Секогаш ведар, насмеан и виртуоз на својот инструмент. Не знам зошто секогаш заминуваат добрите.. Ти благодарам на сите убави моменти кои ги поминавме заедно, почивај во мир“, напиша Марековиќ под објавената фотографија.

Аљоша беше во брак со новинарка Инма која ја запозна во Барселона каде и се пресели по дипломирањето на Музичката академија во Загреб и каде еден период живееше. Двојката има син.

Инма неодамна откри дека музичарот има сериозен проблем со срцето и дека морал да се оперира. Во таа прилика ги замоли неговите пријатели да му испратат позитивна енергија. Таа редовно информираше за неговата здравствена состојба.

„Тој е силен и неговото тело се’ уште се бори. Оди напред чекор по чекор“, напиша тогаш и им се заблагодари на сите кои ѝ испратиле пораки со поддршка.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Трагедија! Почина Сара, на фановите не им е верно: Една работа ги шокира сите

Нејзината смрт ја вознемири спортската јавност Сара Вестон, професионалната „кечерка“ позната под уметничкото име Сара Ли, почина на 30-годишна возраст, информираат американските медиуми. Таа неодамна доби шанса да се натпреварува во најелитната организација WWE како победничка во реалното шоу Tough Enough. „Конечно потпиша едногодишен договор вреден 250.000 долари, но судбината […]