fbpx

Тажен ден за македонската музика: Колегите се простуваат од Александар

Со шок и неверување љубителите на домашниот звук вчера ја дочекаа информацијата за прераното заминување на Александар Петровски.

Тажната вест ја споделија членовите на составот „Крул“.

„Со тешко и скршено срце ве известуваме дека Александар Петровски-Гранџ, синоќа ненадејно го напушти овој свет и замина во вечноста. Ќе го паметиме како дел од првиот состав на нашиот бенд, но и како човек со меко и добро срце кој ги преточуваше емоциите во памук меки мелодии. Незаменлив. Ќе фалиш Гранџ и нема да бидеш никогаш заборавен! Сочуство до семејството“, напишаа од групата.

Ова е дефинитивно тажна недела за македонската музика. Синоќа ненадејно почина и познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов, инаку син на легендарниот македонски музичар Ферус Мустафов кој се упокои пред само три месеци.

Следни Објави

Страшни детали за смртта на Марија: Почина ќерката на познатиот пејач

Поќерката на познатиот мексикански пејач Луис Анхел, Марија Фернанда Роблес (21), трагично почина на летување. Марија се удавила во популарното летувалиште Мазатлан ​​во понеделникот во 4 часот и 40 минути. Според последните извештаи на тамошните новинари, по забавата, таа со неколку пријатели отишла на утринско капење во популарното одморалиште во […]