fbpx

Пронајдена мртва Маја Јанеска: Еве која е мистериозната девојка за која Македонците зборуваа

Тажна вест ги шокира сите

Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа Јанеска, по потекло од Охрид, е пронајдена мртва во Африка, информира порталот „Курир“.

Тажната вест на својот инстаграм-профил ја потврди и нејзиното момче, музичарот и креативен директор Оми Димпоз.

Не се наведени причините за смртта.

На социјалните мрежи каде има над милион следбеници, Маја е потпишана како Business Developer. Таа неодамна привлече големо внимание во јавноста кај нас откако фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

Јанеска, заедно со бизнис претставници од Јужноафриканската Република, пред неколку денови престојуваше во својата татковина, со цел воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Република Македонија и африканските земји.

Во нејзината биографија стои дека на 19 години ја напуштила нашата земја и прво се преселила во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди и да успее на африканско тло, за само три месеци го научила јазикот свахили, еден од 14-те официјални јазици во Африка. Јанеска течно зборувала седум јазици. Недолго откако пристигнала, таа започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна и во уметничкиот бизнис и стајлинг, каде што го отворила своето прво училиште за шминка.

Медиумите пишуваа за неа дека е успешна Македонка во Јужноафриканската Република, светска „јутјуберка“ која заработува вртоглави суми, со сопствена компанија за бизнис и развој на руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки.

На „Инстаграм“ често го акцентираше нејзиниот луксузен животен стил.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Беше уникатна и полна со живот: Потресно сведоштво за починатата Маја, познато е како починала!

Ние имаме свои планови, но Господ има негови. Од него сме создадени и кај него сите ќе одиме. Не можам да поверувам дека повеќе не е меѓу нас а само минатата недела беше во Македонија да го прослави тоа што на државава и помогна да биде признаена од Јужна Африка […]