По тешко боледување почина познатата хрватска стрелачка Наталија Кикељ Вугринец.
Тажната вест ја потврдија и од нејзиниот матичен клуб Алзас од Чаковец.
„Потребни и беа само две години да стане една од најдобрите хрватски спортистки во гаѓање со воздушен пиштол и да го освои бронзениот медал на националното првенство. Не се откажа од пукањето дури и кога се соочи со тешката болест. Кога повторно застана на линијата за стрелање, сите беа среќни и радосни, а најмногу таа самата. Како да беше вчера кога ни соопшти дека „нема да се врати некое време“, што многу не загрижи. Сепак, бевме уверени дека со нејзиниот оптимистички дух ќе ја добие оваа битка и дека наскоро повторно ќе стреламе заедно. Не можеме да веруваме дека болеста беше посилна и дека Наталија повеќе не е со нас“, велат од нејзиниот клуб.
Наталија Кикељ Вугринец е родена 1981 година. За хрватската репрезентација првпат настапи пред шест години во дисциплините за воздушно оружје.