fbpx

Крваво утро: Најмалку шест убиени, ученичка со потресно сведоштво за пукањето

Крваво утро, девојче сведочи за пукањето во училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград

Најмалку шест лица, меѓу кои и повеќе ученици, наставничка и припадник на обезбедувањето се убиени денеска во училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, пренесе предмалку српскиот портал „Нова“.

Убиството го извршило 14-годишниот Коста Кецмановиќ, а според информациите на овој медиум, тој со пиштол влегол во една училница каде бил во тек час по историја и отворил оган кон учениците, откако најпрвин смртно ја застрелал наставничката.

Коста бил одличен ученик од седмо одделение кој учествувал и на многу училишни натпревари. Лани тој го освоил и третото место на општинско натпреварување по историја. Токму наставничката по овој предмет, била меѓу првите негови жртви, откако околу осум часот утрово влегол во училницата каде таа ја држела наставата и со пиштол пукал кон неа, а потоа и кон учениците.

Една од ученичките сведочи за пукањето.

„Почна да пука по случаен избор, имаше два шаржера во рацете. Прво ја застрела наставничката по историја, а потоа продолжи понатаму. Уби двајца наши пријатели, јас легнав врз нив, за да помисли дека сум мртва. Излезе од училницата, истрелите се’ уште се слушаа. Кога станав, го видов мртвиот Драганчо“, раскажува таа.

Според последните информации, три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника, од кои две се во стабилна состојба, но едно дете и натаму е во критична состојба, пренесува „Нова“.

Неофицијално, пак, бројот на ранети е многу поголем и се зборува за повеќе од 10 ученици со прострелни рани кои биле пренесени во Ургентниот центар.

Прва жртва на нападот бил чуварот во училиштето, идентификуван како Драган, кој набргу откако бил застрелан, починал од раните.

Пред училиштето „Владислав Рибникар“ биле испратени повеќе возила на Итната помош кои се обиделе да им помогнат на ранетите деца.

Откако го извршило злосторството, 14-годишното момче, исто така ученик во училиштето, побегнало, но набргу потоа било уапсено од полицијата.

Следни Објави

Од мирно и повлечено момче до психопат: Кој е Коста, ученикот кој уби најмалку девет лица?

Главна вест утрово не само на регионалните портали, туку и во светските медиуи е Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче кое уби најмалку девет лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Коста бил одличен ученик, одел на натпревари по математика и биологија и добивал бројни награди и пофалби. Важел за […]