fbpx

Важно! УЈП се огласи: Ако скенирате сметки, ОВА мора да го направите!

Најновата верзија на апликацијата „Мој ДДВ“ веќе е достапна на интернет и корисниците може да ја преземат.

Управата за јавни приходи информира дека е извршено прилагодување на апликацијата МојДДВ согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година.

„Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај“, велат од УЈП.

Во моментов 523.673 граѓани скенираат сметки за поврат на дел од данокот на додадена вредност. Од УЈП велат дека бројот постојано расте, како и дека од почетокот на примената на оваа мерка кај граѓаните се вратени близу шест милијарди денари.

Следни Објави

Дедо Драги си бара баба да го „сака и да му прави јајца“: Ги заведува со пензијата, има три услови (ВИДЕО)

Урнебесен оглас се појави на „Тик Ток“ и веднаш стана вирален Дедо потпишан како Драги Миќурин преку ноќ се прослави на социјалните мрежи откако одлучи љубовта на својот живот да ја побара преку „Тик Ток“. Решен да најде сопруга, тој објави неколку огласи во кои бара „баба на возраст од […]