fbpx

За жал, се потврди она најлошото: Легендарниот југословенски пејач се бори за живот

Поп-ѕвездата проговори за тешката болест, се молиме да се опорави

Јасмин Ставрос, хрватскиот пејач кој беше голема ѕвезда во Југославија, на 68-годишна возраст дозна дека има рак на коските.

„За жал, се потврди најлошото. Имам доверба во лекарите, знам дека тие го прават само најдоброто за мене и се молам на Бога да престанат овие страшни болки. Не знам ни колку лекови против болки пијам, некои помагаат, некои не, а имам впечаток дека болката е постојано присутна. Не можам да спијам бидејќи ме боли грбот, а со болката сум свесен и дека започна најтешката и најголемата борба во мојот живот“, вели пејачот.

Пред неколку недели му пукнал чир во желудникот, па беше хоспитализиран во Карловац. По санирањето бил пуштен на домашно лекување, но болките продолжиле, па бил префрлен во болницата во Загреб каде му бил дијагностициран рак на коските.

„Уморен сум, ме болат рацете, нозете, рамената“, изјави Ставрос кој за дијагнозата дознал во понеделникот.

Да потсетиме, Јасмин Ставрос испеа многу поп-хитови, меѓу кои се и рефрените „Da mi je sto Amerika“, „Samo majka zna“, „Ženo“, „Maro Marice“, „Nemoj se udavat’“..

Следни Објави

Нови детали за смртта на малата Јана: Семејството со сериозни обвинувања, се огласи и директорот на болницата

Јана Христовска од Кравари почина во битолската Клиничка болница. На Одделението за педијатрија примила инфузија по што состојбата ѝ се искомплицирала, па лекарите се обидувале да ја реанимираат на Одделението за интензивна нега. Таткото на шестгодишната Јана, Стојче Христовски, се сомнева во лекарски пропуст. Вчера, на покачен шеќер 9, после приемот […]