fbpx

Благословена бројаница за среќен пат: Никола кој боледува од рак замина за Турција

Нема родители, а сега ја води најважната животна битка

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, утрово му посака среќен пат на Никола Ѓорѓиев, 19-годишното момче кое боледува од рак и за кого изминативе недели се споделуваа апели за помош на социјалните мрежи.

„Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција. Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување. На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов!“, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Гази Баба.

Никола е од Црешево и боледува од карцином на коските. Животот досега неколку пати го има ставено пред сериозни предизвици. Нема родители и живее со своите баба и дедо.

Следни Објави

Шок! Пронајдена мртва внуката на Тачи

Постои сомневање дека 31-годишна жена се самоубила во Обилиќ, соопшти во неделата косовската полиција. Истиот ден, Халил Тачи, пратеник на движењето Самоопределување, објави дека неговата внука починала. Тамошните медиуми јавуваат дека жртвата чиј целосен идентитет не е објавен, според првичните информации извршила самоубиство. „Врз основа на предистражни дејствија, иако постојат […]