fbpx

Ова е страшно! Детали за починатото осумгодишно дете по напад од куче

Нови сознанија за трагедијата во Пинтија

Не стивнуваат реакциите во јавноста по синоќешната трагедија во скопска Пинтија во која почина осумгодишно дете по напад од домашно куче од расата англиски бул мастиф.

Според извори од истрагата, детето влегло во дворот на соседот во кој покрај мастивот, имало и уште едно куче. Кучето мастиф кое било старо 12 години, го нападнало детето и го изгризало. Од гризењето, детето добило обилно крварење.

Осумгодишникот веднаш со автомобил бил превезен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но поради тешките повреди што ги имал во пределот на главата и вратот, искрварил на пат кон болница. Оттаму за Телма информираат дека детето кај нив е донесено во безживотна состојба, направени се обиди за негова реанимација, но биле безуспешни. Во моментот кога било примено не дишело и немало срцева акција.

Сопственикот на англискиот бул мастиф вчеравечер веднаш бил повикан на информативен разговор во полициската станица. Семејствата на детето и на сопственикот на кучето наводно биле први соседи и во добри односи.

Следни Објави

Кај луѓето кои прележаа корона забележано е ова пореметување: Докторка открива на што масовно се жалат и кои се првите симптоми

Последното истражување на здравствените установи во Србија покажа дека секој петти граѓанин кој прележал корона вирус има некакво ментално нарушување. Д-р Снежана Алќаз, невропсихијатар, вели дека луѓето најмногу се жалат на проблеми со концентрацијата откако биле хоспитализирани поради Ковид-19. „Моето искуство вели дека проблемите од ментална природа биле минливи. Неколку […]