fbpx

Шокантни детали за монструмот: Си ја застрела поранешната девојка, па се самоуби

Нова трагедија денеска се случи во Србија, откако 34-годишен маж ја застрела поранешната осум години помлада девојка, па се самоуби.

Неофицијално, тој прво пукал во прозорецот од козметичкиот салон за солариум каде што работела жртвата, а потоа упаднал внатре и ја убил. Неколку секунди подоцна си пукал во глава.

Кога итната помош пристигнала на местото на крвавото злосторство, девојката веќе била мртва. Убиецот давал знаци на живот, но набрзо и тој им подлегнал на повредите.

И двајцата се од Бач, а В.Р. веќе бил насилен кон жртвата. Кон крајот на април годинава бил пијавен за семејно насилство и веднаш му била изречена мерка „забрана за приближување и комуникација“.

Полицијата, исто така, привремено го одзела и целото оружје кое легално го поседувал како страствен ловец, но наводно и работел во продавница за оружје.

Не е познато како В.Р. го набавил пиштолот со кој го извршил денешното злосторство.

Следни Објави

Мајка му дала одобрение: Неочекувани сознанија од клиниката каде е сместен Коста

Коста Кецмановиќ (13), кој пред една недела со пиштолот на својот татко уби осум деца од ОУ „Владислав Рибникар“ и училишниот чувар, а рани шест ученици и наставничката по историја, се наоѓа во специјалното одделение во психијатриска установа. Според законот, мајката на Коста дала дозвола тој да престојува во споменатата […]