fbpx

Калиопи открива како ослабнала десет килограми за само 17 дена

Иако има 56 години, Калиопи може да се пофали со младешки изглед на кој можат да ѝ позавидат и многу помлади припаднички на понежниот пол.

Таа на својот инстаграм-профил сега објави дека ослабнала дури десет килограми за само 17 дена, благодарение на диетата со липосукција, режим на исхрана со кој бројни познати личности на Балканот засекогаш ги решија проблемите со килограмите.

„Како и секој што ослабе, и јас моментално се откажав од слатките, од лебот и млечните производи.. Успевам да им одолеам на искушенијата, а откажувањето не ми е тешко, бидејќи одлуката што ја донесов е поважна од сите можни специјалитети. Навиките поврзани со исхраната кои ги стекнав додека слабеев сега се мојот нов начин на живот“, изјави Калиопи.

Македонската поп-дива често во своите интервјуа нагласуваше дека е голем гурман, дека подеднакво сака и да готви и да јаде, но дека во име на здравјето и убавиот изглед понекогаш е добро да се биде умерен.

Следни Објави

Д-р Јовев му трансплантираше ново срце на татко ѝ: Елеонора има важна порака до министерот Меџити

Во принцип на мојов профил најчесто гледате објави поврзани со шминка, и избегнувам да давам коментар на вакви теми, но овој пат оваа тема многу ме погодува, ме боли! Па затоа решив нешто да Ви кажам. Дали знаете кој е Проф. Др. Сашко Јовев? За тие што не знаете еве […]