fbpx

Љубица за 11 дена во Грција потрошила само десет евра: „Вака летувам со години, никогаш не ми притребало ни денар повеќе“

Ако се суди според коментарите на оние кои веќе сега ги искористат деновите за одмор, Грција годинава е исклучително прифатлива. Сепак, кога се во прашање парите, разликите се огромни кога се зборува за тоа кза кого што е прифатливо.

Така, една членка на групата „Грција во живо“ го постави прашањето дали е можно да се помине денот со 10 евра и доби голем број потврдни одговори.

„Секако дека може. Донесете малку од дома, наполнете го фрижидерот, купувајте по пазари, некои денови на лежалки, не секој ден, некои денови гиро, можете да јадете сладолед секој ден, доволно е ако знаете да уживате покрај море, на сонце и под сенка. Ако ве има повеќе како во моето петчлено семејство, доволни се во просек по 10 евра од човек, односно 50 евра дневно се сосема океј“, напиша таа.

Други истакнуваат дека е многу важно да се пазари од маркетите, а трети истакнуваат дека голема е заштедата доколку избегнувате лежалки. Има и такви кои веруваат дека најдобар начин да заштедите е да пиете на тераса навечер, а не во кафулиња.

Како и да е, шампион во штедење е апсолутно Љубица, жена која тврди дека ѝ биле доволни само 10 евра за целиот одмор, односно вкупно 11 дена на море.

„Секако дека е можно. Јас и мојот пријател ставивме по 10 евра во заеднички паричник и тоа е доволно за 11 дена. Пиевме кафе во станот, не јадевме леб, не пиевме сокови и други пијалоци. Купувавме кисело млеко, зеленчук и овошје и сувомеснати производи, носевме производи од дома и со тоа што го имаме набрзина готвевме нешто. За десет години никогаш, верувале или не, не сме потрошиле повеќе. Но и двајцата сме пензионери, а млади луѓе природно имаат поголеми барања“, тврди Љубица.

Следни Објави

Загина ќерката на познатата професорка: Трагедија ја потресе Македонија

Градоначалникот на Тетово и лидер на движењето БЕСА, Билал Касами, сподели тажна вест на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко жалење за трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби ќерката на професорката Тренделина Деари. „Со длабока тага ја дознавме тажната вест за почитуваната професорка Тренделина Деари, воедно и шефица на […]