Патувањето со авион често знае да биде непријатно, но и полно со изненадувања, а едно од нив секако се цените на храната и пијалоците на летот.
Затоа еднa жедна патничка смислил иновативен план да ги избегне трошоците за плаќање вода, а видеото стана вирално собрајќи речиси 630.000 прегледи на „Тик Ток“.
„Бев жедна, но не сакав да платам три евра за вода“, објаснува таа во видеото, покажувајќи чаша со мраз што ја оставила да се стопи пред да ја испие.
„Нема причина водата да биде толку скапа“, додаде таа во описот.
Секако, не требаше многу време за „тиктокерите“ да почнат да го коментираат нејзиниот трик.
„Плаќањето за чаша вода на кој било лет треба да биде забрането со закон“, напиша еден корисник.
Друг, пак, напипша дека истото го сторил на ноќно излегување.
„Го направив ова во клубот кога се обидоа да ми наплатат вода од чешма“, напиша тој.