fbpx

Македонија тагува! Сите се простуваат од Татјана

Познат е идентитетот на 47-годишната жена која денеска почина откако беше тешко повредена во сообраќајната несреќа во тунелот кај Демир Капија.

Станува збор за Татјана Петрова, а од неа се простија и членовите на владејачката партија.

„Сочувство до семејството, роднините, пријателите за трагично починатата Татјана Петрова, наша сопартијка и докажана активистка, секретар на ОО СДСМ Неготино која денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа. Пред почеток на седницата на Централниот одбор беше оддадена почит и изразено сочувство со едноминутно молчење. Слава ѝ“, напишаа од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на нивната официјална фејсбук-страница.

Претходно, од СВР Велес потврдија дека денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија-Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот.

Следни Објави

Страшно! Загина најдобриот фраер на естрадата, Ивана се прости од него

Постигна голем комерцијален успех уште во 2000 година кога се појави на музичката сцена Освен со својот талент, жените веднаш ги освои и со физичкиот изглед. Неверојатно шармантен и атлетски граден, Зоран беше еден од најдобрите фраери на естрадата. Со спотот за песната „Милице“ кој изобилуваше со провокативни сцени, направи […]