Трагичната вест за смртта на двете сестри Петра и Јелена од Каштела го потресе и Хрвоје Малеш, исто така од Каштела, на пошироката јавност познат како најмладиот претседател на Хајдук во историјата на сплитскиот клуб, инаку од банкарскиот сектор.
„Боже, утеши ја и благослови ја нашата Рената и нејзиното семејство со твојата љубов“, напиша Малеш на социјалните мрежи.
„И Каштела и Загора се завиени во црно. Душата плаче за овие девојки. Две сестрички заминаа кај ангелите. Боже утеши ја и помилуј ја нашата Рената и нејзиното семејство со твојата љубов“, напиша Малеш на својот фејсбук-профил.
Да потсетиме, девојките на возраст од 21 и 25 години, загинаа синоќа во судир во тешка сообраќајка. Младо момче (19) со „мерцедес“ налета на нивната „шкода“. Од силината на ударот „шкодата“ излетала на околу триесетина метри од патот, при што моторот испаднал од возилото.
Сестрите се враќале од роденденската прослава на едната, а инаку се ќерки на познати општински советници.
Момчето кое го управувало „мерцедесот“ е полесно повреден.