fbpx

И покрај големите страдања, го зачува ведриот дух: Почина Стојан Георгиев

На 5 јули вечерта си отиде големиот наш пријател, соборец, Македонец и страдалник Стојан Георгиев, објавија од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

Нивната трогателна посвета на социјалните мрежи ви ја пренесуваме во продолжение.

Роден во 1938 г. во Петрич, Пиринска Македонија, 18 годишен, со незавршено средно образование создава македонска група. Откриен и инквизиран 18 дена во келиите на државна безбедност, сепак е ослободен за да го заврши своето образование. Во 1957 г. формира втора група – поново откриен и подложен на 114 дена истраги и мачења во 1958 г. ја добива својата прва пресуда – 4 години затвор, што ќе ги помине во Стара Загора. Во 1973 г. поново ќе се најде во затвор за 4 години.

Во 1990 г. беше еден од основачите на ОМО „Илинден“ и единствен претседател пред расцепувањето на организацијата. Автор е на две книги кои раскажуваат за неговиот живот, борба и страдања. Во 1998 г. се вклучи во ОМО „Илинден“-ПИРИН и наскоро беше избран за почесен претседател каков што остана да последниот ден. Во 2006-2007 беше член на Централниот совет на партијата, а во 2007-2010 г. и нејзин копретседател. Активно учествуваше во борбата на Македонците во Бугарија за нивни права до својот последен ден.

Неговата последна дејност беше средба со докторанти и студенти од Швајцарија на 25 јуни годинава, на која тој им зборуваше за својот живот и страдања. Го очекуваше интервју во голема телевизија, учество на научна конференција во Крушево каде да раскаже за својот живот. Беше полн со желба за живот и борба!

И покрај големите страдања никогаш не се претвори во гневен, одмаздољубив човек, до крај го зачува својот ведар, позитивен дух.

Бог да те прости, царство ти небесно и да ти е вечен споменот! Ние нема да те заборавиме, ниту ќе ја прекинеме нашата општа борба!

Следни Објави

Важен список! Во наредните денови овие хороскопски знаци ќе се збогатат!

Во овој тежок период на финансиска неизвесност кога се бориме како да врземе крај навистина ни се неопходни убави вести, а личностите родени во овие 5 знаци ќе имаат причина за насмевка. Астролозите велат дека токму ним ѕвездите ќе им бидат особено наклонети периодов. Ќе имаат шанса да остварат некои […]