fbpx

Го дочекав денот и за мојот најмал син: Трифун Костовски го ожени Филип (ФОТО)

Се ожени најмалиот син на бизнисменот и поранешен скопски градоначалник Трифун Костовски.

Филип и неговата избраничка Софија Кузмановска имаа модерна свадба со традиционални обичаи, а гордиот татко ги сподели и првите фотографии од настанот.

„Почитувани пријатели, го дочекав денот кога и мојот најмал син Филип стапи во брак со прекрасната Софија Кузмановска. Свадбата беше организирана согласно традиционалните обичаи на нас, Македонците од православна христијанска вероисповест. Зурли и тапани во мјот дом, во домот на семејството Кузмановски кога по старите обичаи моравме да ја „купиме „ невестата и да продолжиме со венчавка во црквата Пресвета Богородица. Чин кој што силно ме возбуди и ме врати во некои дамнешни времиња. Јас ја почувствував привилегијата на обичаите мои, Македонски да бидат повторно чевствувани, ама овој пат во нова цивилизирана и софистицирана атмосфера. Регистрацијата и свадбата во присуство на повеќе од 350 гости се одржаа во винаријата Камник. Посакувам секој од вас мои пријатели да го доживеете овој чин кој ќе ве врати во младоста и ќе ве просветли во животот. Мудроста меѓу нас повозрасните доаЃа токму од животот и искуството на животниот пат кој сме го поминале. Да се радуваме на секој божји ден кога има веселби, венчавки, крштевки“, напиша Трифун на „Фејсбук“.

Следни Објави

Најсмешните сцени ги сними со Рејчел: Почина ѕвездата на „Пријатели“

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, актерот Пакстон Вајтхед, почина на 86-годишна возраст. Вајтхед, кој глумеше на Бродвеј и беше редовен гостин во низа популарни серии од деведесеттите, починал во петокот во болница во Вирџинија. Тажната вест за „Холивуд Рипортер“ ја потврди и неговиот син Чарлс. Вајтхед стана светски познат по улогата […]