fbpx

Девојче почина, лекарите не им верувале на родителите: Тоа што ја уби дома го имаме сите

Девојче починало откако голтнало батерии, а една недела пред смртта лекарите одбивале да ѝ направат рендген и покрај страшните симптоми кои ги имала, меѓу кои и повраќање крв, тврдат нејзините родители.

„Знаев дека нема да ни веруваат. Едноставно ги занемаруваа нашите докази“, порача Алисон Рис, мајката на несреќното дете, која собра сили да ја раскаже нејзината страна од приказната за трагедијата којашто се случила пред осум години.

Изабела од Австралија имала само 14 месеци кога починала на 4 февруари 2015 година. Истрагата покажала дека нејзината мајка ја однела во болницата „Мелбурн Сашајн“ трипати во само две недели за да проверат дали нешто не е во ред со нејзиниот дигестивен тракт.

На суд изјавила дека докторите комплетно ги игнорирале симптомите кои вклучувале и поцрната столица, порачувајќи ѝ дека што и да е во прашање, организмот ќе го свари страното тело и наскоро ќе го исфрли.

Кога првпат отишол во болницата, таткото на Изабела, Роберт Рис, на лекарите им нагласил дека видел како неговото чедо си игра со батерии. И тој тврдел пред властите дека не добиле навремена медицинска помош.

„Би дале се’ да добиеме уште една шанса да ти го слушнеме гласот, да го почуствуваме твојот бакнеж и да те гледаме како растеш. Нашите срца се скршени, но не чувствуваме гнев. Нашата цел не е да обвинуваме поединци за смртта на Изабела, туку да ги едуцираме родителите колку батериите се опасни за децата и што значи ненавремна реакција од здравствените работници“, напишаа тогаш неутешните родители на социјалните мрежи за семејната трагедија.

Следни Објави

Љубовна екстаза и неброени пари: Јули ќе биде посебен за овие хороскопски знаци!

ЛАВ Токму во јули ќе се ослободат од предрасудите и конечно ќе дишат со полни гради. Ги очекува неверојатно успешен период како во љубовта, така и на професионален план. Некои претставници на овој знак ќе почувствуваат вистински животни промени. ВАГА Конечно ќе ја добијат потребната поддршка и мотивација на работното […]