fbpx

Девојче (11) почина под чудни околности: Родителите в болница ја слушнале болната вистина

Фалак Бабар (11) трагично почина неколку недели откако се онесвести и ја удри главата во бањата во нејзиниот дом во Рочдејл, Велика Британија.

По инцидентот, девојчето почнало да „се жали дека се чувствува лошо“, а родителите ја однеле во болница.

Направен е скенер на мозокот и Фалак е итно оперирана, но подоцна починала, дознава истрагата.

Нејзиното семејство ја опишува како „убава душа“ која „секогаш ќе остане во нашите срца и умови“.

„Ние ја имавме Фалак во нашите животи само кратко време, но таа ни остави толку многу спомени и љубов. Сите ја сакавме и таа ќе биде засекогаш“, изјави Шазија Б., мајката на девојчето.

Истрагата за смртта беше официјално отворена од страна на окружниот судски лекар Кетрин МекКен во вторникот.

Полицискиот судски лекар Трејси Бан изјави дека Фалак бил примен во Детската болница во Манчестер откако состојбата нагло ѝ се влошила.

„Почна да повраќа и не реагираше“, изјави таа.

Истрагата покажала дека Фалак починала на 18 март минатата година, неколку недели откако се онесвестила и ја удрила главата.

Форензичкиот патолог Филип Ламб ја утврди привремената причина за смртта-хипнотичка аноксична повреда на мозокот.

Датумот за целосна истрага ќе биде одреден дополнително, пренесува британски „Метро“.

Следни Објави

Телото на познатиот актер пронајдено закопано в двор: Рацете му биле врзани, полицијата објави вознемирувачко видео

Бразилскиот актер Џеферсон Мачадо (44), кој исчезна пред речиси пет месеци, е пронајден закопан пред една куќа во Рио де Жанеиро. Веста дека актерот е пронајден мртов ја објави семејна пријателка на својот профил на социјалните мрежи. „Со големо жалење ве известуваме дека Џеф е пронајден мртов“, напиша Синтија Хилсендегер […]