fbpx

Се помоли пред моштите на Св. Василиј ОСТРОШКИ: Лила со емотивен статус

Лила Филиповска пред неколку месеци ја симна периката и во ексклузивно интервју за „Убавина и здравје“ првпат без заддршка проговори за канцерот на дојка.

Јавноста беше воодушевена од нејзината храбра битка, а познатата водителка и инфлуенсерка продолжи да ги охрабрува сите девојки и жени кои се соочуваат со истата мака.

Лила сега објави фотографии од најголемите православни храмови во светот, манастирот на светецот Свети Василиј во острог.

Таа споели неколку фотографии и емотивен статус.

„Велат дека нема да одиш на Острог дури Св Василиј не те повика ! И еве конечно, денес дојдов во еден од најпосетените манастири воопшто посветен на еден од најпочитуваните светци во христијанството за кого се верува дека е чудотворец и исцелител Св Василиј Острошки. А како и не би бил кога неговите мошти се изложени и многумина сведочат на чуда. Место се неверојатна енергија каде се губиш во простор и време и каде што имаш чувство дека немаш веќе никаква мака и проблем. Ви посакувам добро здравје драги пријатели“, напиша таа на социјалните мрежи.

Следни Објави

Трагедија! Почина едно лице, ова се деталите

Во Центар било пронајдено лице во бессознание. Истото било пренесно во болница каде подоцна починало. На 25.06.2023 во 10,30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„50-та дивизија“ во близина на угостителски објект на подрачје на Центар пронајдено е едно лице во безсознание, кое е пренесено во Комплекс клиники […]