fbpx

Аце ја уби Марина неколку дена пред свадбата: Татко му ги шокира сите

Рускиот туристички работник Александар Вороњин, син на поранешен службеник на КГБ, пред две години крвнички ја убил својата врсничка, 26-годишната Марина Панкратова, со која требал да се венча за неколку дена.

Девојката била пронајдена гола во кревет три часа по злосторството, а телото било непрепознатливо. Лицето ѝ било унаказено, а коските напукнати како последица од силен удар со тап предмет.

Откако си ја убил вереницата, Александар се обидел да побегне во странство, но не успеал во намерата поради пандемијата.

Безживотното тело на Марина го пронашла нејзината мајка.

Момчето се предало на полицијата по иницијатица на татка си кој му ветил дека ќе го ослободи.

Пред судот осомничениот изјавил дека на ништо не се сеќава, а неговите роднини тврделе дека е невин и дека не е убиец.

Соседите на двојката сведочат на годишнината од смртта. Се’ уште се шокирани од трагедијата. Велат дека Марина и Александар биле хармонична двојка.

„Беа прекрасни. Имаа навистина нежна романтична врска и никогаш немаше инцидент“, велат тие.

Александар е осуден на четиринаесет и пол години затвор.

Следни Објави

Бурниот живот на Јатаганац: Стана татко на 57, пороците го уништија

Беше исклучително добар човек, одличен уметник, духовит и секогаш пријатен за разговор. Беше човек кој секогаш знаеше да изненади со неговите луцидни идеи, едноставно уживаше во животот. Вака блиските се сеќаваат на легендарниот југословенски глумец Јосиф Татиќ кој, иако одигра и многу посериозни и потешки улоги, публиката најмногу го памти […]