fbpx

Се сакале цела година, а потоа ја искасапил: Ова е момчето кое ја уби Ноа (ФОТО)

Не стивнуваат реакциите во јавноста по монструозното убиство на 18-годишната тиктокерка Ноа Миливојев, трансексуалка која исчезна на 17 јуни, а која вчера беше пронајдена во центарот на Белград.

Главен осомничен за монструозното убиство е 33-годишниот О.Д., кој прво го признал делото, а потоа рекол дека не се сеќава кога ја убил Ноа, ниту, пак, на кој начин ѝ го исекол телото и ги фрлил деловите во вреќи.

Соседите сведочат дека О.Д. бил насилен алкохоличар кој последниот период одел на штаки поради претходна сообраќајна несреќа. Според неименуван извор од истрагата, О.Д користел и наркотици, пренесуваат српските медиуми.

„Беше вљубена во него, а тој редовно ја тепаше и успеа да ја навлече на секакви дроги“, коментираат соседите.

Во меѓувреме, се огласи мајката на убиената споделувајќи шокантни детали за ќерка си и за нејзиниот емотивен однос со човекот кој е осомничен за убиството.

„Ова е премногу тешко. Кога ќе го изгубите вашето дете нема ништо полошо. Ни недостига многу и многу ја сакаат мама, тато, бато и дада. Господ да му суди на чудовиштето што ѝ го направи ова, а јас ги повикувам властите да биде најстрого казнет! Нашиот живот веќе нема смисла, освен што имаме уште две деца. А неа ја навредуваа, малтретираа, исмејуваа. Ноа беше добро воспитано дете, а на Тик Ток добиваше само негативни коментари. И сега сите ја сакаат! Исклучете го Тик Ток, ќе биде подобро, апелирам до сите родители да ја исклучат таа мрежа“, вели Боба Миливојев.

Таа се осврна на емотивниот однос со осомничениот маж во кој била вмешана нејзината ќерка. Вели дека знае оти ја малтретирал и дека Ноа имала проблеми со него.

„Ја тепаше, ја влечеше за коса. Слушнав и дека ѝ давал лекови. Не бевме за нивната врска, бидејќи тој е манијак, психопат. Моето дете почина во најтешката агонија, очекувам тоа чудовиште да добие најстрога казна“, додава мајката.

Следни Објави

Тажен ден, естрадата се простува: Почина легендарната пејачка

Почина легендарната пејачка Елвира Воќа. Тажната вест ја објави нејзината дискографска куќа „Кроација рекордс“. Родена во Загреб на 11-ти декември 1942 година, имаше богата професионална кариера која траеше повеќе од педесет години. Нејзиното музичко патување започнува во 1959 година кога, како седумнаесетгодишна ученичка во средното хемиско-техничко училиште, се пријавува за […]