fbpx

Сопругот Игор ѝ почина на раце два месеца по венчавката: Пејачката неутешна

Гога Секулиќ во 2013 година се омажи за Игор Рамовиќ кој почина два месеци откако го изговорија судбоносното „ДА“.

Нејзиниот животен сопатник ја загуби битката со опасната болест, а познатата пејачка на само 36 години остана вдовица.

„Набргу по венчавката, Игор почувствува силни болки во стомакот. Се јави на лекар, па ја дозна страшната вистина. Нему му беше дијагностициран рак на дебелото црево. За операцијата во Германија беа неопходни 20.000 евра, но болеста толку бргу напредуваше што буквално немаше време за било каков зафат“, вели близок пријател на семејството.

„Гога беше со него до последен миг. Тој почина во нејзините раце додека таа му кажуваше како кога ќе оздрави ќе заминат на меден месец. Се обиде да му даде надеж, но беше залудно“, открива тој.

Пејачката подоцна им откри на медиумите дека направила се’ за неговото закрепнување, па дури и позајмила пари од пријатели за да го плати неговото лекување.

„По смртта на Игор останав сама. И денес, кога во голема мера ги отплаќам долговите што останаа од неговото лекување. Отидовме кај најдобрите лекари во светот и се обидовме да направиме се’ за да го спасиме, но не успеавме. Ги презедов сите болнички сметки“, изјави пејачката во едно нејзино интервју.

Следни Објави

Конечно убава вест! По 14 илјади денари на сметка за овие граѓани

Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари. Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на […]