fbpx

Денес е Света Ана: Чудотворна моќ, ОВА направете го за среќа

Иако нејзиниот главен празник е на 9 септември, православната црква денес го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија.

Денес, верниците одат во манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта кај Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер.

Се верува дека овој манастир има чудотворна моќ за двојките кои не можат да имаат деца. Некои и сега го практикуваат обичајот вечерта помеѓу 6 и 7 август да преспијат во манастирот за да добијат пород. Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука. 

Света Ана била ќерка на свештеникот Метан. Со својот маж Јоаким 50 години живеела бе деца, а потоа во подоцнешните години ја родила Марија, Пресвета Богородица. Јоаким со години бил скршен од болка поради тоа што нема деца со Ана, а приказната вели дека во една прилика отишол во пустина каде што со денови тагувал. Еден ден, му е укажал ангел кој му рекол дека господ ќе го благослови со дете, а подоцна истиот ангел го видела и Ана .

Кога им се родила ќерката Марија, Ана и Јоаким му ветиле на Господ дека детето ќе му го посветат на храмот. Затоа се верува дека луѓето со ова име се среќни и носат позитивни животни промени. 

Следни Објави

На снимка од ресторан го видела маж ѝ кој починал пред 9 години: Се шокирала кога го дознала ОВА (ВИДЕО)

Снимка направена на почетокот на оваа година направи хаос во животот на една жена, откако видела нешто што не го очекувала ниту во најголемо лудило. Тотален шок доживеала дури кога почнала да се распрашува.. Видеото снимено во ресторан во англискиот град Вестбурн предизвикало лавина реакции. Сè било добро додека не […]