fbpx

Колегите и пријателите се простуваат: Сања, почивај во мир!

На 55-годишна возраст почина долгогодишната новинарка на ХРТ, Сања Рачиќ.

„Колегите, пријателите и соработниците никогаш не го прежалија нејзиното заминување од радиото пред пет години и беа горди на храброста со која се бореше против тешката болест“, порачуваат од хрватскиот национален сервис.

Рачиќ помина повеќе од 30 години во Радио Осиек. Во средношколските денови почна како надворешен соработник, воен известувач и радиоводител за време на Татковинската војна, а од 1994 година беше редовно вработена во Радио Осиек.

Со години следеше културни настани, уредуваше и водеше бројни емисии. Од 2013 година известуваше и за економски теми и ја уредуваше емисијата Пулс Славонија и Барање, а извесен период беше и репортер во емисијата „Добро јутро, Хрватска“ и други емисии на хрватската телевизија.

Откако дозна дека боледува од тешка и неизлечива болест, си даде отказ. Во 2018 година почна да изработува уникатен накит.

Следни Објави

Естрадата тагува, почина познатиот пејач: Сите му игравме на хитот, а никој не го знаеше ОВА!

Диџеј Каспер, креаторот на познатиот хит „Cha Cha Slide“, почина на 58-годишна возраст. Во 2016 година му беше дијагностициран рак на бубрезите и на црниот дроб. Неговата сопруга Ким во вторникот за „ABC 7“ потврди дека тој ја загубил битката со опасната болест. Диџеј Каспер, чие вистинско име беше Вили […]