fbpx

На 14 години остана без мајка, татко ѝ никогаш не го запозна: Тешкиот живот на македонската инфлуенсерка

Со години работи како говорник и мотивациски тренер за личен и професионален развој. Нејзината работа е да ги инспирира луѓето да ја погледнат другата страна од проблемот каде најчесто се наоѓа решението. Таа е инфлуенсерка во вистинска смисла на зборот.

За Илина Ведран оваа професионална определба не е случајна. Мотивациските говорници најчесто зборуваат преку сопствените искуства, а тоа е така и во нејзиниот случај.

Оваа дама, инаку омилена Македонка на многумина, уште како дете се соочила со тешки искуства. Била дете на самохрана мајка, а татко ѝ никогаш не го запознала.

„Мојата мајка го напушти овој свет кога имав само 14 години. Во тие моменти во мојот живот се сруши сè, се соочував со големи стравови што ќе биде понатаму со мене и наоѓав разни начини како знам и умеам да се носам со таа болка“, откри таа во една прилика.

Подоцна во нејзиниот живот работите, барем за момент, си добиле нормален тек. Завршила факултет, основала семејство, изгледало дека сè е готово и одненадеж ѝ се случил крах во бракот, но и на сите други полиња.

„Тоа искуство беше само резултат на сè што носев во себе од сите претходни искуства за кои мислев дека се останати некаде во минатото. Но, не беше така. Сè се случуваше и во мојата сегашност. Верувам дека во нашиот живот постојат само корисни искуства, во тешките времиња растеме, а во оние другите ги береме плодовите. Секој од нас има во себе карактеристики на Феникс од пепелта да се издигне доста високо. Кога ќе паднеме долу, единствениот правец во којшто можеме да се движиме е нагоре, а тешките искуства само го забрзуваат целиот процес“, раскажа таа во едно од своите искрени интервјуа.

Следни Објави

Победи на „Евровизија“ во Загреб, песната лани доби и македонска верзија

Почина славниот италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутуњо (80). Се упокоил во болницата во Милано кадешто бил хоспитализиран, јавуваат светските медиуми. Тажната вест ја потврди и неговиот менаџер Данило Манкузо, изјавувајќи дека „состојбата на пејачот се влошила по долго боледување во последните месеци“. Тото Кутуњо во 1990 година победи […]