fbpx

Мајка ѝ почина од рак, брат ѝ заврши трагично: Македонската пејачка за семејните трагедии

Животот воопшто не ја галел познатата македонска пејачка Адријана Ацевска која публиката ја препознава како Адријана Кеш. Низ годините се соочила со многу стресови и загуби, но како што самата кажа во една прилика, иако на тагата ѝ нема крај, животот мора да продолжи.

Пред неколку години од акутна леукемија почина нејзиниот постар брат Петар кој со семејството живееше во Шведска. Имаше само 43 години.

„Бевме многу блиски, а карактерно исти. Многу повеќе отколку со помалиот брат Антонио. Ми беше буквално рамо за плачење. И години да поминат, утеха нема. Сега се радувам на моето внуче кое многу личи на него“, раскажа Адријана неколку недели по неговата смрт.

Пред повеќе од една деценија, од рак почина и нејзината мајка. Во рефренот на песната „Така е пишано“ таа пее за нивната повторна средба.

„Премногу боли. Кога почина таа, јас морав да ја преземам нејзината улога“, изјави пејачката во една прилика.

Следни Објави

Оваа жена Тоше ја сакаше најмногу: Долго ги чуваше нејзините пораки

Детали од животот за човекот кој беше идол во целиот регион не престануваат да ја интригираат јавноста, а оваа жена се смета за негова единствена вистинска љубов, пишуваат српските медиуми. Манекенката Благица Мицова и Тоше Проески се запознале во 1998 година. Денес таа е мажена и има син. Нивната врска […]