fbpx

Семејна загуба, па самоубиство, големи трагедии ѝ го одбележаа животот

Големата македонска тетатарска, телевизиска и филмска актерка Костадинка Велковска која по запишувањето на студиите во Загреб продолжи да живее и работи во Хрватска почина во неделата во старечки дом на 76 години.

„Нè боли нејзиното заминување, но се држиме. Се бореше осум месеци“, потврди нејзиниот син Никола.

Велковкса доживеа мозочен удар на 10 јули минатата година.

Низ годините се соочи со неколку големи трагедии. Една од најголемите е смртта на нејзината сестра, која исто така живеела во Загреб. Животот го загуби во несречен случај кога имаше само 21 година.

Таткото на Костадинка, Благоја, првоборец во НОБ, кој работел во полиција, секогаш зборувал дека најтешката работа во животот е загуба на дете, па не можејќи да ја поднесе болката извршил самоубиство.

Костадиновска имаше богата кариера. Глумеше во серии кои беа доста популарни и кај нас, меѓу кои се „Забранета љубов“, „Нашата мала клиника“, и „Битанги и принцези“.. Имаше повеќе забележливи појавувања и на големото платно.

Ја сакаше и музиката. Беше горда на своето потекло и често ја интерпретираше антологиската македонска песна „Јовано, Јованке“.

Следни Објави

„Бог ќе ми прости!“ Се спакува и замина: Кога мајка му дозна каде оди, не престана да плаче

Жената не можела ни да замисли што се’ му поминува низ мислите, а потоа почнала да плаче Самохрана мајка од САД често објавува видеа на TikTok каде што зборува за тоа како се справува со депресијата откако го изгубила сопругот. Ешли Ирвинг обично се бави со проблеми поврзани со менталното […]