fbpx

Ниедна болка не може да се спореди со онаа кога ќе изгубиш дете!

Херојот од култните акциони филмови, легендарниот Силвестер Сталоне, тивко ја преживеа смртта на својот син, но кога одлучи да проговори, со неговите зборови расплака милиони луѓе ширум светот.

Сејџ, првото дете на Сталоне со сопругата Саша Чак, почина на 36-годишна возраст на 13 јули 2012 година, во неговиот стан во Лос Анџелес од срцев удар предизвикан од атеросклероза.

Семејната трагедија го сруши храбриот Роки. Во тие моменти побара приватност.

„Ниедна болка не е посилна од онаа кога родителот ќе изгуби дете. Затоа ве замолувам да покажете почит кон мојот талентиран син. Оваа болна загуба ќе не’ следи до крајот на животот. Сејџ беше наше прво дете и центар на нашиот универзум“, изјави Сталоне тогаш.

По разводот на Силвестер и Саша, фамилијата беше сведок на тежок период во комуникацијата меѓу таткото и синот. По неколку години ги закопаа воените секири, па дури почнаа и заедно да снимаат филмови и да даваат интервјуа, раскажа близок роднина на семејството.

Сталоне соработуваше со Сејџ на „Роки 5“, а неговиот син најави дека планира да се занимава со продукција. И покрај здравствените проблеми, никој не помислуваше дека ова младо момче ќе заврши фатално.

„Многу е тешко. Ужас, но таков е вистинскиот живот. Времето ви помага да се изборите и да се обидете да го преживеете тоа што се случило. Многу е важно да пронајдете сила и да се обидете да живеете. Во спротивно, може да западнете во магичен круг“, изјави славниот Рамбо во една прилика.

Фото: Профимедија

Следни Објави

Роди на 14, најважните лекции ги научи в кафеана: Најискрената дама во Југославија

Љиљана Петровиќ Батлер првиот настап го имала на 12 години кога на една турнеја била најсоодветна замена на нејзината болна мајка. Освен што млада почнала да настапува, таа многу млада станала и мајка. „Трагично за нас Ромите е што прерано созреваме. Првпат родив на 14 години, мојот тогашен сопруг имаше […]