fbpx

Се огласи Ирена Спасовска: Стигна и шеикот (ФОТО)

Ирена Спасовска деновиве ужива во Дубаи и постојано објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи.

Ноќно крстарење низ марината, посета на единствениот хотел во светот со седум ѕвезди изграден комплетно на вода, поглед од 125-от кат од највисоката зграда во светот Бурџ Халифа.. Ова се само дел од знаменитостите препознатливи за оваа атрактивна туристичка дестинација кои ги искуси и популарната фолкерка.

„Рај за очи и спокој на душата“, коментира Спасовска за престојот таму.

И, нормално, не може да помине ниту една авантура без шеик, на шега си се пофали таа.

Инаку, една нејзина фотографија од Катар од пред четири години исклучително го привлече вниманието на јавноста, откако со извесен шеик се сликаше на коктел. Тогаш раскажа дека ја прошетал низ неговиот трговски центар, а некои портали напишаа дека дури и ја побарал за жена.

„Види и денес ме бара, ама ние Македонките сме тешки жени“, порача Ирена во едно интервју.

Следни Објави

Добро погледнете ги ноктите: Ако ја видите оваа промена, веднаш на лекар

Изгледот на ноктите може да биде показател на сериозно здравствено нарушување. Лошата исхрана, неухранетоста или некои болести на дигестивниот тракт може да бидат причина за промена на ноктите. Ако се здрави, најчесто се мазни, без никакви испакнатини, не се лупат, не пукаат, немаат никакви чудни промени. Промената на бојата, обликот […]