fbpx

Ужасна сцена! Филип Димов се бори за живот

Македонскиот фудбалер Филип Димов кој има и австриско државјанство се бори за живот, пишуваат спортските медиуми.

Инцидентот се случил на натпреварот меѓу ВСЦ и ТВЛ Електра во рамките на источната регионална фудбалска лига во Австрија кога во 14-тата минута дошло до страшен старт на теренот.

Димов добил удар во глава по дуел со противнички играч по што паднал. Веднаш му била укажана медицинска помош, а потоа со хеликоптер итно бил пренесен во болница.

„Нашиот долгогодишен капитен Филип Димов денеска за време на првенствениот натпревар со Електра се здоби со сериозни повреди на главата и по прва помош со хеликоптер е пренесен во болница за понатамошна нега. Филип моментално е во индуцирана кома и е во најдобрите лекарски раце. Бараме разбирање дека во овој момент нема да даваме попрецизни информации за здравствената состојба на Филип. Воедно, апелираме до сите да ја почитуваат приватноста на семејството, играчите и придружниците“, објавија од клубот.

Следни Објави

Почина познатата македонска докторка: Вашите добри дела ќе продолжат да живеат

Почина д-р Мира Аџиќ, основоположник на палијативата во Македонија. Тажната вест ја споделија од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“. „Допревте толку многу животи во вашиот живот, а вашите добри дела ќе живеат и после вас. Д-р Мира Аџиќ била легенда на македонското здравство, основоположник на палијативата во […]