fbpx

Се самоуби познатиот актер

На 64-годишна возраст денеска почина Дејв Кортни.

Aнглискиот актер се самоубил пукајќи си во глава во својот дом, пишува „Дејли меил“.

„Никој од неговото семејство не е уапсен, но истрагата е во тек“, соопшти полицијата.

Дејв Кортни на јавноста ѝ беше познат како „самопрогласен гангстер“, откако во повеќе наврати се пофали дека се познава со голем број англиски криминалци, како Лени Меклин и Реџи Креј.

Медиумите потсетуваат на неговите претходни тврдења дека повеќепати бил нападнат со огнено оружје, дека во една прилика бил прободен со нож, но и дека тврдел оти „морал да убие за да остане жив“.

Пред да заплива во актерските води се занимавал со наплата на долгови, а го гонеле и затоа што пред 10 години наводно ја претепал својата тогашна девојка.

Кортни беше роден на 17 февруари 1959 година, а имавме можност да го видиме во филмовите „The Dead Sleep Easy“, „Six Band Trap“, „Hell To Pay“.. Интересно е што токму тој бил инспирација за ликот на поранешниот фудбалер Вини Џонс во култниот филм „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“. 

Следни Објави

Сите ја гледавме во шоуто „Сѐ за љубов“: Се разведе и сега ужива во луксуз

Беше една од најубавите водителки на овие простори, со години заштитно лице на емисијата „Сѐ за љубов“, шоу базирано на вистински приказни кое беше доста популарно и кај нас. Катарина Шишмановиќ која ја паметиме и по спотот за хитот „Доживотно“ на Елена Ристеска, пред неколку години се врати пред камерите […]