fbpx

Го победи ракот, но се самоуби: Причината е страшна, шок по смртта на познатиот актер

Почина австралискиот актер Грегори Чарлс Риверс на 58-годишна возраст.

Повеќе светски медиуми пренесоа дека се самоубил со труење со јаглерод моноксид.

Роден во Квинсленд се преселил во Хонг Конг кон крајот на осумдесеттите, каде имал завидна кариера играјќи во повеќе од 40 продукции.

Во 2017 година му бил  дијагностициран рак на кожата, успешно бил опериран, но подоцна лекарите му откриле дека има аритмија. Неговата состојба на срцето била толку сериозна што морал да оди двапати на операција, со што направил долг од 800.000 хонкгонкшки долари.

Меѓу филмовите во кои играше се издвојува акциониот трилер „Man on the Edge“ од 2022 година каде глумеше со легендарниот хонгконшки актер Сајмон Јам. Познатиот актер глумеше заедно со Џеки Чен во комедијата од 2021 година All U Need Is Love.

Пред да се насочи кон актерството, тој имал друга професионална љубов, па во светот на актерството влегол со диплома по медицина на Универзитетот во Нов Јужен Велс, пишува Дејли Мејл.

Следни Објави

Беше во голема љубов со најследената македонска пејачка: Сега објави ретка слика со партнерката со која чека дете

Иван Јованов, вокалистот на „Либеро бенд“, по подолго време објави фотографија со партнерката Ивана. Двојката ужива во убавините на македонскиот ски-центар Нижеполе. Со оваа слика пејачот пријатно ги изненади фановите затоа што ретко ја експонира неговата избраничка. Иван пред четири месеци откри дека со Ивана очекуваат ќерка. Својата понежна половина […]