fbpx

Ова е починатиот син на познатиот музичар: Александар имаше само 30 години

Трагедија денеска ја потресе естрадата

Почина Александар Кодиќ, синот на еден од најпознатите хармоникаши на овие простори, Мирко Кодиќ.

Александар (30) починал во сон. Не е позната причината за смртта, па полицијата веднаш наредила обдукција.

Наводно, со денови се жалел дека не се чувствува добро.

Неговиот славен татко исклучително тешко ја примил веста за загубата. Српските медиуми пишуваат дека му се слошило и бил итно хоспитализиран.

Александар му е син од претходниот брак.

Се огласи и пејачката Гоца Божиновска која стапила во контакт со семејството. Таа се случнала со ќерката на Кодиќ и ѝ кажала дека Мирко и сопругата моментално се во болница.

„Во шок сум, не знам што да кажам, немам зборови… Тага! Со Мирко сме пријатели, не знам како ќе го преживее ова. Не знам како да му изразам сочувство за болката.. Не ми се верува“, вели Божиновска.

Следни Објави

Само оваа позната жена ја љубеше, ѝ почина на роденденот: Тажниот живот на ѕвездата од „Пријатели“

Фановите на „Пријатели“ утрово со неверување ја примија веста за смртта на нивниот омилен Чендлер На 54-годишна возраст почина актерот Метју Пери. Бил пронајден мртов во када во својот дом во Лос Анџелес. Се претпоставува дека се работи за срцев удар, иако околностите за смртта засега се нејасни. Метју Пери […]