fbpx

Неочекуван потег! Сите се во шок, ОВА е последното нешто што го кажал Коста

Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче кое на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар уби девет другари и училишниот чувар Драган Влаховиќ, во повеќе наврати покажа дека нема чувства и милост, а она што последно им го кажал на надлежните ги шокирало сите.

Наводно, Кецмановиќ точно им објаснил што му се допаѓа, а што го излудува.

„Коста во неколку наврати повторил дека не му е грижа и не му е гајле за злосторството што го направил. Тој изјавил и дека ги обожава животните, но дека луѓето го излудуваат. Таму ги навел не само децата и неговите родители, туку и многу други со кои бил во контакт до својата 14-та година“, дознава српска „Република“ од неименуван извор.

Како што открива нивниот соговорник, Коста бил заинтересиран само за слобода.

„Станува збор за момче кое едноставно нема милост и чувства кон другите. Единственото нешто за кое се грижи е самиот себе и неговата слобода по која моментално копнее“, вели тој.

Утре почнува судењето на родителите на Коста Кецмановиќ. Неговиот татко Владимир Кецмановиќ е во притвор. Тој се сомничи дека оружјето што го поседувал во станот не го чувал соодветно, како и дека синот го однел на стрелиште, каде што го обучувал да употребува огнено оружје.

Следни Објави

Прво обраќање до јавноста: Ѓорѓе Давид конечно ја откри вистината, поминува низ пекол

По една недела од трагедијата, познатиот музичар конечно се огласи во јавноста Поминаа седум дена откако рокерот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, имаше сообраќајна несреќа во Македонија. Популарниот музичар налета на жена во движење на автопат и ја усмрти. Кумановката (49) го загуби животот, додека […]