Утрово почина Минка Веизовска, пациентката од Клиниката за онкологија која го пријави аптекарот од Клиниката дека ѝ барал поткуп за да ѝ издаде биолошка терапија „кејтруда“.
Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг и додаде дека смртта настапила на Клиниката за пулмологија во Скопје.
Од Јавното обвинителство потврдиле дека и покрај смртта на Веизовска процесот против аптекарот ќе продолжи, со оглед на тоа што се работи за предмет кој е отпочнат по службена должност, односно во соработка со МВР и Обвинителството, а не по приватна тужба.
-Ме уцени со зборовите „Во мои раце си, пази што правиш“. А јас тоа го сфатив како закана по мојот живот-изјави Веизовска пред три месеци.
Целиот текст прочитајте го на „Слободен печат“.