fbpx

Шпекулации и теории на заговор! Паника! Страв!

„МВР должи сериозна прес конференција веднаш зошто вечерва ниеден родител нема да спие мирно во Македонија. И тоа како фали објаснување што е тоа „користољубие“ и поврзаноста меѓу двата случаи“, напиша на својот фејсбук-профил д-р Ненад Лазаров.

Неговиот статус за неполн час собра илјадници лајкови. Многумина се прашуваат колку родители утре ќе си ги пуштат децата на училиште, по „штурото соопштение дека малолетната Вања е грабната од пред врата“.

И новинарката Сашка Цветковска го коментира однесувањето на властите.

„Безобѕирно е однесувањето на полицијата и на обвинителството кон вознемирената јавност. За ваков исход не ги игнорирате новинарите, не ги игнорирате граѓаните и никако не праќате вакво штуро и нејасно соопштение во 9 навечер кое што отвора простор за шпекулации и нови теории на заговор по социјалните мрежи, како да не им е доволно и овој пекол на семејствата на жртвите. Немаше семејство во земјата со деца кое што не живееше во страв сите овие денови, должите минимум коректно информирање. Нека почиваат во мир и девојчето и дедото. Посакувам семејствата да најдат утеха“, напиша таа.

Следни Објави

Ги убил ист човек, познат ѝ е на јавноста: Страшни детали за убиецот на Вања и Панче

Во околината на Скопје е пронајдено телото на 14-годишната Вања, а во околината на Велес е пронајдено телото на 74-годишниот Панче. Според извори на Канал 5, извршител на грозоморните убиства е градежен претприемач од Скопје со иницијали Љ.П. ,кој неодамна бил во притвор во Хрватска. Осомничен за двете убиства и […]